Борнмут загуби со 9:0 од Ливерпул, а по тој меч освои повеќе бодови од тимот на Јирген Клоп

Ливерпул ја игра најлошата сезона откако на чело на екипата е Јирген Клоп. По осум одиграни меча, гигантот од „Енфилд роуд“ освои само 10 бодови и веќе заостанува 14 бодови зад лидерот Арсенал. Клоп дури најави дека за нив сезоната е загубена и дека немаат шанси да се борат за титулата, иако ова е уште прва четвртина од Премиер лигата.

За тоа колку се лоши резултатите на Ливерпул покажува и споредбата со тим како што е Борнмут. Во четвртото коло, Ливерпул го посрамоти Борнмут и славеше со неверојатни 9:0, но потоа ситуацијата се смени.

По тој пораз од 9:0, Борнмут сега е во низа од пет меча без пораз (две победи и три реми) и освои 9 бодови. За разлика од нив, Ливерпул одигра четири меча во кои еднаш победи, два пати ремизираше и загуби од Арсенал, па освои само пет бодови.

Во овој период, повеќе бодови од Борнмут освоија само Манчестер сити (13), Арсенал (12) и Тотенхем (10).

- Оглас -

Најнови вести