Вардар 1961 и Веспрем ја почнуваат битката за пласман во четвртфинале на ракометната Лига на шампиони, а во гостинскиот тим има многу познати лица на кои „Јане Сандански“ им беше домашен терен. Данил Шишкарев, Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и нашиот Дејан Манасков се некогашни членови на црвено-црното ракометно семејство, а сега ќе играат против Вардар со надеж дека со унгарскиот тим ќе се најдат меѓу осумте најдобри во Европа.
Додека играа за скопскиот тим, овие ракометари стекнаа блиски пријатели, па пред денешниот меч, на загревањето искористија прилика да поразговараат со другарите со кои освојуваа титули додека беа во Вардар.