Борозан: Вардар има повеќе титули во ЛШ отколку Пелистер победи во тоа натпреварување!

Црногорскиот ракометен бек Вуко Борозан, повторно заигра за Вардар 1961 со кој има и една европска титула, и после победата над Еурофарм Пелистер, не избегна да ги „чепне“ ривалите од Битола.

„Ова ми е прв меч после четири месеци, задоволен сум. Вардар секогаш бил мој дом. Се трудиме да ја освоиме титулата и Македонија повторно да има вистински претставник во Лигата на шампионите. Не би сакал да прозивам некој, но Вардар има повеќе титули во ЛШ, отколку Пелистер победи во последните две сезони“, изјави Борозан.

- Оглас -

Најнови вести