Борусија без четворица важни играчи оди на гостувањето кај Севилја

Манчестер сити како голем фаворит има максимални шест бода по првите две кола во Лигата на шампионите, па Борусија Дортмунд и Севилја треба да водат борба за второто место, кое води во нокаут-фазата од елитното натпреварување.

Борусија утре ќе гостува кај Севилја, а Милионерите имаат големи проблеми. Дури четворица важни играчи на Борусија Дортмунд нема да бидат во тимот на гостите. Во авионот кој отпатува за Шпанија ги немаше капитенот Марко Ројс, дефанзивците Матс Хумелс и Мариус Волф, како и играчот за врска Џовани Рејна. Сите четворица поради повреда и болест нема да играат против Севилја, па ќе биде многу тешко за бундеслигашот да се врати со трите бода.

- Оглас -

Најнови вести