Борусија без двајца клучни играч ќе гостува кај Интер

Борусија Дортмунд ќе биде драстично ослабена на утрешното гостување кај Интер, во меч од третото коло од Лигата на шампиони. Германскиот тим во Милано ќе биде без Марко Ројс и Пако Алкасер во составот.

Шпанецот кој е задолжен за голови, веќе одреден период се жали на повреда на ахиловата тетива, додека Ројс е болен и нема да може да настапи на „Џузепе Меаца“. Кај гостите ќе го нема и левиот бек Марсел Шмелцер. Единствена добра вест за тренерот на Милионерите, Лусиен Фабер е тоа што голманот Роман Бурки се чувствува добро и нема болки во коленото.

По две кола во Ф групата, Борусија е лидер со 4 бода и досега нема примено ниту еден гол, додека Интер има само еден бод од ремито против Славија Прага, што значи дека Нераѕурите се под притисок дека мора да победат.

 

- Оглас -

Најнови вести