7.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Борусија Дортмунд без мака ги освои трите бода против Мајнц (Видео)

Борусија Дортмунд без никакви проблеми ги освои трите бода откако со убедливи 4:0 на домашен терен славеше над Мајнц, во меч од 22 коло во Бундеслигата. Ова е петта победа во низа за Милионерите и со 51 бодови е на второто место со само три помалку од лидерот Баерн Минхен кој утре го чека гостување во Бремен кај Вердер.

Милионерите уште во почетните 15 минути ги решија сите дилеми, постигнувајќи два погодоци. Гираси ја најави победата погодувајќи со глава во десетата минута и тој погодок може да го видите ТУКА.

Само пет минути подоцна домаќините постигнаа и втор погодок, а пред крајот на првото полувреме Гираси беше играчот кој донесе нова радост за Борусија и убедлива предност од 3:0. И вториот погодок на Гираси беше постигнат со глава и може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Борусија одигра рутински, а со автоголот на Доминик Кор стигнаа до 4:0. Мајнц кој имаше четири победи во претходните пет кола, останува на 21 бодови, само два повеќе од Вердер кој е во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести