Борусија Дортмунд четири недели ќе биде без повредениот Сабицер

Фудбалерот за врска на Борусија Дортмунд и австриски репрезентативец, Марсел Сабицер, ќе биде надвор од терените околу четири недели поради повреда на коленото, соопшти германскиот клуб.

Во таборот на Жолто-црните постоеше страв дека отсуството може да биде подолго.

Триесетгодишниот Сабицер ќе ги пропушти и двата бараж-натпревари на Австрија против Србија во Лигата на нациите закажани за четврток и недела.

Фудбалерот се повреди при поразот на Борусија Дортмунд со 0-2 против неговиот поранешен клуб, Лајпциг, во Бундеслигата во саботата. Тој неодамна се врати во стартниот состав под водство на новиот тренер на Борусија, Нико Ковач.

- Оглас -

Најнови вести