9.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Борусија Дортмунд е кошмар за Гвардиола, но…

Манчестер сити важи за прв фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампиони, иако тоа е само еден од двата тима во четвртфиналната фаза што никогаш не бил на тронот на Европа. Пеп Гвардиола е еден од главните адути на Сити, а во четвртфиналето ривал на англискиот тим ќе биде Борусија Дортмунд.

Токму Борусија е тимот кој сигурно Гвардиола не го посакуваше за ривал. Шпанскиот стратег досега играл пет пати во нокаут фаза против Милионерите од Дортмунд и три пати губел. Борусија се радувала противе екипи што ги водел Гвардиола во германскиот Суперкуп во 2013 и 2014 година, како и во полуфиналето на Купот на Германија во сезоната 2014/15. Гвардиола само два пати успеал да најде „лек“ за играта на Борусија Дортмунд, во средби од нокаут фаза.

Сепак, кога се работи за Сити, тоа е тим кој во 12 меча на свој терен има дури девет победи против германси екипи, два пати одиграл нерешено и само еднаш Граѓаните биле поразени.

Најатрактивен од сите четвртфиналиња сигурно е дуелот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул кои заедно имаат 19 шампионски трофеи во елитната лига на УЕФА. Кралскиот клуб е рекордер со седум пехари, а Ливерпул во своите витрини има шест титули од ова натпреварување.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп досега има седум меча против Реал и билансот му е израмнет. Неговите тимови имаат три победи против Кралскиот клуб, исто толку пати биле поразени, а еднаш дуелот завршил нерешено.

Челзи има победено на сите четири меча против Порто на „Стемфорд Бриџ“, што е најдобар биланс за англискиот тим против било која европска екипа во мечевите од натпреварувањата на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести