Борусија Дортмунд е последниот четвртфиналист на Светското клупско првенство (Видео)

Борусија Дортмунд е последниот четвртфиналист на Светското клупско првенство. Со два гола на Серху Гираси уште до полувремето, германскиот тим славеше со 2-1 против мексиканскиот клуб Монтереј и си обезбеди дуел со Реал Мадрид во реприза на финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2023/24.

Натпреварот на „Мерцедес-Бенц стејдиум“ во Атланта беше исполнет со тензија, но Борусија ја постигна својата цел, иако му дозволи на противникот да ја врати неизвесноста со погодокот на Ерман Бертераме на стартот од второто полувреме.
Серхио Рамос и неговите соиграчи пружија жесток отпор, а поранешниот шпански репрезентативец можеше да израмни во последните секунди, но шутираше крај голот од поволна позиција.

Во групната фаза, Борусија Дортмунд одигра нерешено без голови против Флуминенсе, а потоа оствари две победи со минимална разлика против Мамелоди сандаунс (4-3) и Улсан Хјундаи (1-0), што беше доволно за прво место во групата Ф.

Монтереј беше дел од групата Е, каде што се натпреваруваше со Интер и со Ривер Плата. Серхио Рамос и неговите соиграчи одиграа нерешено против двата главни ривали, а потоа го декласираа тимот на Урава ред дајмондс со 4-0 и ја освоија втората позиција, што им обезбеди место во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести