Борусија Дортмунд е шампион во скапо продавање играчи

Трансферот на Џад Белингам во Реал Мадрид е само продолжување на низата скапи продажби од страна на Борусија Дортмунд на своите млади ѕвезди. Во последните пет сезони, Борусија од продажба на играчи заработи над 500 милиони евра и на нив профитираа речиси 400 милиони ако се знае за колку ги купија истите играчи.

За Англичанецот Белингам, кој во 2020 година го купија од Бирмингам за 30 милиони, Борусија од Реал ќе добие 103 милиони евра, а плусот од 73 милиони ќе порасне со секој освоен трофеј во дресот на Кралскиот клуб.

Претходно „мрсно“ го продадоа Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед, за него добија 85 милиони евра, Кристијан Пулишиќ, кој потекнува од нивниот клуб, во Челзи го продадоа за 64 милиони, а истата сума ја добија и за Пјер-Емерик Обамејанг кога го продадоа во Арсенал во 2018 година.

Борусија најмногу заработи од продажбата на Усман Дембеле во Барселона. Каталонците за Французинот платија 135 милиони евра, а Дембеле во Дортмунд беше донесен за 35 милиони. Плус од 40 милиони имаат од Ерлинг Халанд, за кого на Салцбург му платија 20, а го продадоа во Манчестер сити „само“ за 60 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести