Борусија Дортмунд попладнево на свој терен го пречекува тимот на Унион Берлин во меч кој на кој треба да гледаме многу голови. Борусија е екипа која низ годините игра офанзивно, а сега има посебна причина поради која головите треба да бидат гаранција.
Милионерите во своите редови го имаат најдоброто тинејџерско дуо во светот. Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд се двајцата 19-годишни тинејџери кои блескаат на теренот. Санчо е во Борусија од почетокот на сезонава и има неверојатни бројки зад своето име. Талентираниот Англичанец во 17 меча има 11 голови и 12 асистенции. Сезонава тој е првиот играч во Топ 5 лигите кој успеа да има двоцифрен број на голови и асистенции, што само покажува за неговата игра и да реализира и да создава шанси за голови.
Од неодамна, во Борусија покрај Санчо го имаат и Халанд. Тоа е играчот кој сезонава ја започна во дресот на Салцбург и покажа дека е вонсериски талент. Норвешкиот репрезентативец одигра шест меча во групната фаза од Лигата на шампионите и даде осум гола, а беше незадржлив и во австриското првенство.
Дека игрите на Халанд во Салцбург не биле случајни покажа и по трансферот во Борусија. Тинејџерот одигра само два меча досега за Милионерите и даде дури 5 гола. Да е подвигот уште поголем, на двете средби, Халанд влегуваше како резерва и вкупно на теренот помина 57 минути. Тоа е апсолутен рекорд во Бундес лигата. Дебитант за 57 минути на теренот да даде пет гола.
Во последниве неколку децении имало големи таленти, но ретко кога имало двајца тинејџери кои така блескаат во еден тим заедно. Ако некој тинејџерски тандем може да потсети на тоа што сега се Санчо и Халанд, се Вејн Руни и Кристијано Роналдо во сеозната 2004/05 како играчи на Манчестер јунајтед.
Тогаш Руни и Роналдо како тинејџери беа ѕвезди на Манчестер, но сепак според постигнатите бројки се далеку од тоа што го прават Санчо и Халанд сега. Роналдо таа сезона одигра 50 меча за Црвените ѓаволи и даде девт гола, а имаше и 10 асистенции, додека Руни заврши со 17 погодоци и шест асистенции во 43 настапи.