Борусија Д. го направи најбизарниот трансфер, доведе играч само поради неговото презиме

Борусија Дортмунд е екипата која беше најголем губитник во минатата сезона. Милионерите кои 10 години чекаа да се израдуваат на титула, во последното коло на домашен терен не успеаја да го победат Мајнц и на тој начин повторно останаа без трофејот во Бундеслигата.

Сега Борусија се подготвува за новата сезона и битката со Баерн Минхен, а денеска беше промовиран нов играч во жолтиот дрес. За многумина беше изненадување одлуката на Борусија да потпише со фудбалер кој минатата сезона одигра само 99 минути во Цвајте (втора лига) во дресот на Нирнберг.

Нов играч на Борусија е Јермајн Нишалке. Се работи за млад 20-годишен напаѓач, кој најверојатно ќе биде вметнат во У23 тимот на Борусија и ќе го носи дресот со бројот 29.

Тоа што многумина го забележаа е презимето на новиот играч на Борусија Нишалке, всушност значи „Не за Шалке“, клубот кој е најголем ривал на Борусија Дортмунд. Милионерите имаат одиграно многу дерби-дуели на областа Рур против Шалке, а овој фудбалер е како порачан да игра за Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести