Борусија Дортмунд и Флуминенсе решија да ја следат традицијата, па одиграа без победник

Германскиот гигант Борусија Дортминд може да биде задоволен што освои еден бод на стартот од Светското клупско првенство откако одигра без голови во дуелот против Флуминенсе.

Иако на хартија Милионерите важеа за фаворити, на теренот бразилскиот тим одигра многу подобро. Флуминенсе многу повеќе напаѓаше, Бразилците создаваа шанси, но немаа реализација.

На крајот доминантно делуваа 14 шутеви кон голот на Борусија, наспроти двојно помалку удари што ги упати тимот од Дортмунд.

Со ова реми на Борусија и Флуминенсе само продолжи една интересна традиција кога играат европски и јужноамерикански тимови на ова натпреварување. Ова е шесто реми во последните шест пресметки на клубови од овие два континенти.

Пред помалку од 24 часа, Бока јуниорс и Бенфика одиграа 2:2, а претходно на овој турнир ремизираа и Палмеирас и Порто, и тоа без голови. Во 2019 година Ливерпул и Фламенго одиграа 0:0, Челзи ремизираше 1:1 со Палмеирас, а единствената победа во овој период од шест меѓусебни дуели е на Манчестер сити против Флуминенсе, и тоа со 4:0 во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести