Борусија Дортмунд ја најде замената за Халанд и го носи вториот најдбар голгетер во Европа

Јасно е дека неделите на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд се избројани.

Одличниот напаѓач го бараат неколку врвни европски клубови, а како најсериозен кандидат се издвојува Манчестер јунајтед.

Сепак, раководството на Милионерите ја пронајде неговата замена во фантастичниот Душан Влаховиќ.

Голгетерот на Фиорентина е втор најдобар стрелец со 33 погодоци во Европа во сите натпреварувања, а од него подобар е само Левандовски со 41.

Останува да се види дали и кога ќе се реализира овој трансфер, а јасно е дека за да дојде до него, Борусија треба да најде купец за услугите на Халанд.

- Оглас -

Најнови вести