Вкупно 1.555 прогнозери учествуваа во 29-тото коло на Спортска прогноза, а само четворица се во игра за премијата, „ајфон 12“, уште многумина се надеваат на ваучери од 1.000 или 500 денари за 12-ка односно 11-ка, но патот дотаму е долг, денеска се играат осум меча од основната понуда.
Само 7,5 отсто од прогнозерите погодија дека Лајпциг ќе победи во Дортмунд против Борусија, и тој резултат е главна причина што малкумина се во игра за 11-ка, 12-ка или 13-ка.
За денешните осум натпревари, прогнозерите имаат неколку свои фаворити. Над 85 проценти се изјасниле за победа на домашните на дуелите Борусија Менхенглдбах – Мајнц и Барселона – Севилја, а 69 проценти веруваат во триумф на Троа против Ремс.
Прв меч од денешната понуда е Аталанта – Наполи кој стартува во 15 часот. Прогнозерите се поделени, 43,5 отсто се за реми, 31 проценти веруваат во победа на Наполи, а една четвртина типуваат победа на домашните.
Најголема е поделеноста кај бундеслигашкиот меч Аугсбург – Волфсбург, каде за кец има 26,2 отсто, за икс 38,4, додеа двојка типувале 35,3 проценти. За италијанското дерби, 46 отсто прогнозираат победа на Јуве, додека победа на Интер предвидуваат само 18 проценти.
ПРЕДЛОГ ТИКЕТ СПОРЕД ПРОЦЕНТУАЛНОТО ТИПУВАЊЕ НА ПРОГНОЗЕРИТЕ
Аталанта – Наполи Х2
Клермонт – Нант 2
Троа – Ремс 1
Аугсбург – Волфсбург Х2
Борусија М. – Мајнц 1
Гранада – Рајо Валјекано 1
Јувентус – Интер 1
Барселона – Севилја 1