Борусија Дортмунд обезбеди настап во ЛШ, сега го чекаат Халанд да си го исполни ветувањето

Борусија Дортмунд си обезбеди нов настап во Лигата на шампионите со победа од 3:1 против Мајнц, а значајно за Милионерите е што ќе можат да го задржат и главниот стрелец во тимот, Ерлинг Халанд.

За норвешкото фудбалско чудо се заинтересирани неколку големи клубови од Европа, но сега Борусија е фаворит за да го задржи 20-годишниот напаѓач.

Сезонава што во Бундеслигата завршува со дуелите од последното коло идниот викенд, Халанд постигна 25 гола и е трет најдобар стрелец во првенството, зад Роберт Левандовски со 40 погодоци и Андре Силва, кој постигна 27 гола.

Еден од условите за останување на Халанд во Дортмунд беше и императивот Борусија да обзбеди настап во Лигата на шампионите, нешто што изгледаше невозможна мисија, но Милионерите ја исполнија.

На десеттина кола до крајот на Бундеслигата, Ајнтрахт Франкфурт имаше голема предност од 7 бода пред Борусија, но играчите од Дортмунд приредија чудо и со прекрасна серија успеси ги престигнаа популарните Орли.

Борусија ја освои и титулата во германскиот куп со победа против Лајпциг во финалето што се играше во Берлин.

 

- Оглас -

Најнови вести