Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд си дадоа по три гола, па на крај освоија по еден бод во дербито на денот во Бундеслигата.
Домашните водеа со 2-0 и 3-2, но Борусија не дозволи да биде поразена, и заедно со Баерн Минхен и Баер Леверкузен, се трите тима без пораз сезонава во германското првенство.
За Ајнтрахт ова беше дури петти нерешен резултат во девет меча сезонава, но барем ја запре низата од четири порази по ред во дуелите со Борусија (последниот пораз на Борусија во Франкфурт беше во 2016 година).