Екипата на Борусија Дортмунд е новиот лидер во првенството на Германија, откако триумфираше на гостувањето кај Аугсбург со 3:0, во меч од 33 коло. На едно коло пред крајот на сезоната во Бундеслигата, Борусија Дортмунд стигна до 70 бодови, два повеќе од Баерн Минхен кој вчера дома загуби од Лајпциг и го испушти првото место.
Во последното коло, Борусија Дортмунд на свој терен ќе игра против Мајнц и со победа, Милионерите сигурно ќе се радуваат на шестата бундеслигашка титула во клупската историја. Баерн Минхен кој една деценија доминира во првенството, во последното коло ќе гостува кај Келн и ќе мора да победи, но за да остане првак, ќе мора да чека кикс на Борусија, која денеска во второто полувреме го скрши отпорот на домаќините.
Себастијан Алер е херојот на Милионерите, постигнувајќи два гола. Фудбалерот кој на почетокот на сезоната имаше сериозен здравствен проблем, покажа дека е најдобар кога е најпотребно. Погоди за 1:0 во 59 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.
Истиот играч ги реши сите дилеми околу победникот откако погоди за 2:0 во 84 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.
Во последните моменти од дуелот, Бранд погоди за 3:0 и многу важни три бода за Борусија Дортмунд.