Борусија Дортмунд покажува сериозен интерес за ангажман на играчот од средниот ред на Арсенал, Леандро Тросар, пренесува „Скај спортс“. Иднината на 30-годишниот Белгиец во лондонскиот клуб е неизвесна, а покрај Дортмунд, за неговите услуги се интересираат уште два англиски клуба чии имиња засега не се откриваат.
Во сезоната 2024/25, Тросар одигра вкупно 56 натпревари за Арсенал во сите конкуренции, постигнувајќи 10 гола и асистирајќи исто толку пати. Неговиот договор со клубот истекува на 30 јуни 2026 година.
Според проценките, моментната вредност на белгискиот репрезентативец изнесува околу 22 милиони евра.