8.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Борусија Дортмунд во последен миг го скрши Келн (Видео)

Борусија Дортмунд го пречека Келн и славеше со 1-0, со гол во последната минута од натпреварот. Главен актер на мечот беше гостинскиот голман Марвин Швебе, кој одбрани неколку одлични шанси за Борусија во второто полувреме.


Гираси, Нмеча и Рајерсон неколкупати се обидуваа да погодат, но секогаш како победник излегуваше голманот на гостите.

Сепак, во последните моменти Борусија успеа да го скрши отпорот на Келн. Борусија Дортмунд имаше и среќа, бидејќи играше со играч повеќе последните осум минути, откако тренерот на Келн ги изврши сите измени.


Максимилијан Бајер шутираше, топката помина низ многу нозе, а Швебе само ја закачи, но не доволно за да го промени правецот.

Со оваа победа, Борусија стави крај на низата од два натпревари без триумф и сега се наоѓа на третото место на табелата во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести