Борусија Дортмунд за седум дена одигра три меча и на ниту еден не победи

Во дербито на 14-то коло во Бундеслигата, Ред Бул Лајпиг како гостин ја совлада Борусија Дортмунд која има црна недела.

Милионерите во последните седум дена одиграа три меча и на ниту еден не победија, двапати загубија (Ред Бул Лајпциг и Штутгарт во Купот) и еднаш одиграа реми (Баер Леверкузен).

На денешниот дуел работите тргнаа по лошо за Милионерите уште на самиот старт бидејќи во 15-та минута Матс Хумелс доби црвен картон поради груб старт.

Предноста од играч повеќе, гостите ја искористија да постигнат три гола и да ги освојат бодовите. Првиот гол за Ред Бул Лајпциг беше автогол на Бенсебаини, а останатите два беа дело на Баумгартнер и Поулсен. Головите за Борусија ги постигнаа Зуле и  Фулкруг.

Ред Бул Лајпциг е четврти со 29 освоени бода, додека Борусија е петта со четири бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести