Борусија Дортмунд е екипата која го освои четвртото место во германската Бундеслига, а со тоа го обезбеди и местото во Лига на шампиони за следната сезона. Милионерите од Дортмунд на свој терен убедливо со 3:0 славеше над Кил и на тој начин стигнаа до 57 бодови, доволно за четвртото место на табелата.
Во корист на Борусија беше и резултатот од мечот меѓу Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт на кој гостите славеа со 3:1. Со оваа победа, Ајнтрахт заврши на третото место на табелата, а Фрајбург падна на петата позиција и ќе мора да се задоволи со играње во Лига на Европа.
Од Бундеслигата испаднаа екипите на Бохум и Кил, а 16-то пласираниот Хајденхајм ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот тим во втората лига.
Резултати од последно коло во Бундеслигата: Аугсбург – Унион Берлин 1:2, Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 0:1, Борусија Дортмунд – Кил 3:0, Фрајбург – Ајнтрахт 1:3, Хајденхајм – Вердер 1:4, Хофенхајм – Баерн Минхен 0:4, Мајнц – Баер Леверкузен 2:2, Лајпциг – Штутгарт 2:3, Сент Паули – Бохум 0:2.
Конечна табела: Баерн Минхен 82 бодови, Баер Леверкузен 69, Ајнтрахт Франкфурт 60, Борусија Дортмунд 57, Фрајбург 55, Мајнц 52, Лајпциг 51, Вердер 51, Штутгарт 50, Борусија М. 45, Волфсбург 43, Аугсбург 43, Унион Берлин 40, Сент Паули 32, Хофенхајм 32, Хајденхајм 29, Кил 25, Бохум 25 бодови.