Борусија го декласира Ајтрахт за лидерска позиција во Бундес лигата (Видео)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со убедлива победа од 4-0 над Ајтрахт Франкфурт се искачија на лидерската позиција во Бундес лигата. Екипата на Борусија го искористи киксот на Баерн Минхен и сега со 60 поени е лидер, еден повеќе од “баварците“.

Победникот на овој натпревар беше одлучен уште во првото полувреме, кое домашните го добија со 3-0. Серијата на голови ја отвори Белингам во 19-тата минута.

Холандскиот интернационалец Донел Мален зголеми на 2-0 во 24-тата минута.

Конечните 3-0 на полувремето ги постави Матс Хумелс во 41-вата минута.

Донел Мален со својот втор погодок на овој натпревар во 66-тата минута од мечот ги постави конечните 4-0.

 

- Оглас -

Најнови вести