Борусија го совлада Вердер, но симпатиите ги собраа гостинските навивачи со прекрасниот гест (Видео)

Борусија Дортмунд со минимална победа од 1:0 го совлада Вердер во првиот натпревар од осмото коло во Бундеслигата. Човек на одлука беше Јулијан Брандт кој голот вреден три бода за Милионерите ги постигна во 67-та минута.

Со оваа победа, Борусија се искачи на лидерската позиција на табелата со 20 бода, еден повеќе од Баер Леверкузен кој својот меч од осмото коло ќе го игра утре на гости кај Волфсбург.

Симпатиите и аплаузите на „Сигнал Идуна парк“ ги заслужија и гостинските навивачи кои истакнаа транспарент со поддршка за еден од фановите на Борусија Дортмунд на кого му бил дијагностициран тумор.

 

- Оглас -

Најнови вести