Германскиот фудбал го познава одлично, беше дел од Бундеслигата како играч на Ајнтрахт Франкфурт и вели дека оддамна немало екипа, која игра фудбал за мерак, како што во моментов тоа го прави Борусија Дортмунд.
Александар Васоски повторно ги анализира натпреварите од германското првенство, има пет предлог типови, а меѓу нив е и дербито меѓу Борусија Дортмунд и Херта.
„Борусија е како машина за голови, изненадува начинот на кој постигнуваат погодоци, а играат и убав фудбал за око. Веројатно и најубав во Германија и очекувам нова нивна победа во ефикасен меч, вели Васоски во анализата за Спорт Манија.
Еве го неговиот избор за дел од дуелите од 9. коло во Бундеслигата.
Мајнц – Баерн (Сабота, 15.30)
Домаќините немаат постигнато гол на последните 5 натпревари и кризата кај нив е евидентна. Во Германија тешко е да се вадите против Баерн. Особено што шампионот полека го остава зад себе периодот на турбуленции и се стабилизира со формата. Односот на релација Нико Ковач и играчи се подобрува и очекувам сигурна победа на Баерн.
Предлог тип: 2-2&2+ (1.93)
Хановер – Аугсбург (Сабота, 15.30)
По традиција на нивните дуели има многу погодоци, а и сезонава и двете екипи се ефикасни. Хановер игра отворен фудбал, сака да игра на гол повеќе од противникот, а и Аугсбург е ривал по мерка. И гостинот знае да биде ефеикасен, па овде ќе типувам 3 и повеќе голови.
Предлог тип: 3+(1.75)
Борусија Дортмунд – Херта (Сабота, 15.30)
Борусија е хит и тоа не само во германскиот фудбал, бидејќи игра неверојатно добро и во Лигата на шампионите. Имаат постигнато 18 голови на последните четири натпревари на домашен терен и се работи за екипа која во моментов игра најубав фудбал во Германија. Очекувам да продолжат во исто темпо и да забележат нова победа во ефикасен меч.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.80)
Хофенхајм – Штутгарт (Сабота, 18.30)
Мал проблем за Хофенхајм може да биде настапот на два фронта и во Бундеслигата и во Лигата на шампионите, но овде ќе се потпрам на квалитетот на домаќинот и на лошата форма на Штутгарт. Хофенхајм лесно постигнува голови, Штутгарт уште полесно беше декласиран од Борусија Дортмунд во минатото коло и тоа на домашен терен и не верувам дека има сили за изненадување. Верувам дека Хофенхајм ќе победи, но посигурен тип ми е дека ќе постигна два, или повеќе голови во мрежата на гостите.
Предлог тип: Т12+ (1.44)
Лајпциг – Шалке 04 (Недела, 15.30)
Ова е меч на две екипи кои ја претставуваат Германија во европските купови, а според мене Лајпциг е во подобра форма. Игра добро и во Бундеслигата и во Европа Лигата. Шалке 04 игра променливо, не може да влезе во вистински ритам и мислам дека проблемите што ги има тимот од Гелзенкирхен ќе ги искористи Лајпциг. Верувам дека домаќините можат да постигнат два или повеќе голови, со што ќе ја продолжат агонијата на Шалке 04. Очекувам по овој меч гостите да останат без тренер.
Предлог тип: Т12+ (1.87)