Борусија има десен бек за мерак – Хакими со два гола ја реши Славија Прага (Видео)

Борусија Дортмунд има десен бек за мерак, а Ашраф Хакими доминираше во Прага и со два гола им донесе победа на Милионерите против Славија.

Мароканецот беше прецизен во 35-тата и во 89-тата минута, доволно за успех на Борусија на тешкото гостување во главниот град на Чешка.

Борусија ја забележа првата победа во групата Ф и сега со 4 бода е лидер, пред дербито вечерва меѓу Барселона и Интер.

Во Белгија, Генк и Наполи ремизираа без голови, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за првпат беше стартер за италијанскиот вицешампион во меч од Лигата на шампионите. Играше до 58-мата минута, кога беше заменет со Мертенс, но голови немаше.

Сега Наполи со 4 бода е прв на табелата во групата Е, пред дуелот меѓу актуелниот европски првак Ливерпул и Салцбург во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести