Борусија ја прекина победничката серија: „Милионерите“ без муниција против Хајденхајм

Серијата од три победи по ред на Борусија Дортмунд заврши вечерва на гостувањето кај Хајденхајм. „Милионерите“ останаа без муниција, па мечот заврши без голови, 0-0.

Мален во 26-тата минута постигна погодок, но тој беше поништен од ВАР поради офсајд, па на крајот се покажа дека единствениот погодок на мечот не беше регуларен.

Фудбалерите на Борусија доминираа во текот на целиот натпревар, но тоа не го крунисаа со освојување на трите бода. „Милионерите“ од Дортмунд остануваат на четвртата позиција со 12 бодови помалку од лидерот Баер Леверкузен.

- Оглас -

Најнови вести