Екипата на Борусија Дортмунд ја пронајде замената за Џуд Белингам, кој потпиша за Реал Мадрид. Нов фудбалер на Милионерите е Феликс Нмеча, кој пристигна од Волфсбург за 30 миилони евра.
Дваесет и двегодишниот фудбалер е роден во Англија и од академијата на Манчестер Сити бесплатно се пресели во Волфсбург пред две години, а во минатото настапуваше за младинските репрезентации на Англија.
https://twitter.com/BVB/status/1675920313719070738?s=20
Откако пристигна во Германија, ја смени репрезентацијата и започна да настапува за младите категории на Панцирите, а само пред два месеца дебитираше и за сениорите на Германија.