25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

На дуелот во Лондон ќе ја следиме традицијата, Милионерите мора да нападнат

1004 Арсенал – Вулверхемптон (20:45 ч.)

Арсенал влезе во добра форма, а дуелот против Вулверхемптон ќе биде вистински тест за тоа дали Топчиите имаат квалитет да се борат за место кое води во Лигата на шампионите.

Арсенал дома игра одлично и во 12 меча има осум победи, две нерешени и само два порази со одлична гол-разлика од 20:9. И Волците се одлично мотивирани затоа што на гости наредија четири победи во низа.

На девет од последните 11 меѓусебни дуели на овие два тима имало меѓу два и три погодоци, па тука ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

6022 Лацио – Порто (18:45 ч.)

Порто има предност од 2:1 по првиот меч, а португалскиот гигант во последните 14 меча има 13 победи и едно реми.

Лацио едноставно ќе мора да победи, но Порто е опасен ривал, па можно е овој дуел да се решава и во продолженија.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.87)

 

6028 Ренџерс – Борусија Дортмунд (21 ч.)

Шкотскиот гигант направи големо изненадување на првиот меч и во Дортмунд победи со 4:2. За Борусија тоа беше прв европски пораз на свој терен со четири примени гола.

Милионерите во Глазгов сигурно ќе се обидат да го возвратат ударот, што значи дека од првата минута треба да очекуваме офанзивна игра.

Предлог тип: ГГ3+ (1.72)

 

6048 Бодо/Глимт – Селтик (18:45 ч.)

Норвешкиот тим е најпријатното изненадување во Конференциската лига. Откако во групната фаза со 6:1 ја победија Рома, сега во првиот меч против Селтик на гости славеа со 3:1.

На Селтик му се даваат поголеми шанси за победа денеска, но факт е дека Бодо/Глимт покажа квалитет и нема лесно да ја прокоцка предноста од првиот дуел.

Предлог тип: 1+I & 2+ II (1.99)

 

6025 Бетис – Зенит (21 ч.)

Бетис игра фантастично сезонава, па не случајно е трет во Шпанија, а го изненади Зенит во Санкт Петербург и победи со 3:2. Офанзивната игра го краси шпанскиот тим сезонава, па сигурно нема многу да калкулираат и да ја бранат предноста од првиот дуел.

Сигурно и во Севилја ќе биде интересно и со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

- Оглас -

Најнови вести