Борусија Менхенгладбах ќе прекине една црна традиција

5638 Ал-Итихад – Ал-Ахли (20.00 часот)

Ова е големо градско дерби помеѓу два тима од Џеда, а и според составите кои ги имаат, ќе биде интересно на овој дуел од првенството во Саудиска Арабија. Ал-Итихад е актуелен првак, но повратникот во елитата, Ал-Ахли, многу се засили летово. Огромен плус за Ал-Итихад е враќањето на Бензема, кој завчера почна да тренира. Ал-Ахли од 2020 нема победа над Ал-Итихад, но тогашните и сегашните состави на двата тима немаат врска еден со друг. Во минатото коло двата тима одиграа 0-0, сега нападите предводени од Бензема и Фирмино се на потег.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.12)

 

1801 Борусија М. – Мајнц (20.30 часот)

Тимот од Менхенгладбах дури во минатото шесто коло ја извојува својата прва победа сезонава, па имаат златна шанса да врзат и две победи по ред, со оглед на тоа кој им гостува. Мајнц е последен само со еден бод и постигнати само четири гола во шест кола. Менхенгладбах е најефикасен тим во долната половина на бундеслигашката табела. Мајнц на трите гостувања сезонава прими вкупно 10 гола, но тие победуваа на последните две гостувања во Менхенгладбах. Борусија три години не знае за победа над Мајнц.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

3002 Лече – Сасуоло (20.45 часот)

Лече беше хит во Серија А во првите пет кола, но сега има два порази по ред во два меча на кои не дадоа гол. Сасуоло е многу непредвидлив тим кој сезонава уште нема играно нерешено, губеа од Фрозинине и Монца, а победуваа против Јувентус и Интер. Сасуоло е тим кој повеќе и дава и прима голови од Лече, а и традицијата е на нивна страна. Овие два клуба трипати играле еден против друг на „Виа дел маре“, Лече уште не знае за победа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

 

1301 Атлетик Б. – Алмерија (21.00 часот)

Атлетик во минатото коло загуби убедливо во баскиското дерби против Реал Сосиедад, а мечот со Алмерија им е шанса да се вратат на победничкиот пат. Алмерија е единствен тим во шпанската лига кој нема победа и само со три бода од осум меча, последни се на табелата. Последната победа на Алмерија во Билбао беше во 2008 година, од 2010 наваму, сите нивни мечеви завршувале со победа на домаќинот од Баскија, минатата сезона беше 4-0.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.80)

 

1022 Бирмингам – ВБА (21.00 часот)

Вест Бромич има серија од пет кола без пораз, победуваа на последните два меча, па затоа е далеку пред Бирмингам на табелата (ВБА петти, Бирмингам 12-ти), но тоа е привидно, разликата меѓу нив е само еден бод. Гостите се малку подобар тим, но ова е градско дерби и решаваат нијанси и мотивација. Бирмингам има три победи по ред против ВБА, а последното реми во нивните меѓусебни дуели било во 2020 година.

Предлог тип: 1-2 пол. (1.75)

- Оглас -

Најнови вести