Водството на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Реал Мадрид од 2-0 го одбележува првото полувреме на вечерашните мечеви во фудбалската Лига на шампиони.
Репризата на последното финале на ЛПШ, овојпат минува во знакот на германскиот тим, кој ги користи лошите дефанзивни реакции на Кралскиот клуб, а гостите имаа и среќа што не примија гол бидејќи Реал во еден напад двапати ја погодуваше пречката. Холанѓанецот Мален со гол и асистенција е најзаслужен за оваа убава предност на тимот кој ако ја задржи предноста, ќе биде прв на табелата по три кола. Публиката го исвирка Реал за бледата игра.
Бојан Миовски беше резерва, но кога се повреди Иван Мартин, Македонецот во 24-та минута влезе во игра и брзо после тоа Жирона даде гол за водство против Слован Братислава.
Полувремето е неефикасно, по еден гол падна уште во Париз каде води ПСВ против ПСЖ, во Грац каде Спортинг има минимална предност против Штурм и Арсенал благодарение на автоголот кој си го даде играч на Шахтар.