Борусија не е слаба, ама е најпосакуван противник на утрешната ждрепка

Утре напладне во седиштето на УЕФА во Нион ќе се изврши ждрепката за четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони и јасно е дека ќе има четири одлични двобои.

Сепак, еден тим сите ќе го посакуваат за ривал во оваа фаза, тоа е Борусија Дортмунд. Иако Дортмунд не е слаб тим, сепак покрај имиња како Манчестер сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал, Барса, ПСЖ, Атлетико, се проценува дека нема големи шанси ни за полуфинале, камоли за титула.

Но, ќе видиме што ќе донесе ждрепката. Ако решите пред ждрепката да уплатите кој ќе биде европски првак, квотата на аутсајдерот Борусија е 25.0. Најголеми шанси за титула му се даваат на бранителот на трофејот, Манчестер сити, а потоа следуваат Арсенал, Реал и Баерн.

- Оглас -

Најнови вести