32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Борусија не му се дава лесно на Баерн

Англичанецот Џејдон Санчо со два гола за победа над Мајнц од 2-1, е јунакот кој вечерва го опеваат навивачите на Борусија Дортмунд. Сега Борусија повторно е прва на табелата, со два бода плус во однос на ривалот Баерн Минхен од кој беа разбиени минатиот викенд. На „милионерите“ им останува да се надеваат дека Баерн утре ќе киксира кај Фортуна, па ќе се задржат на првото место.

Санчо има 19 години и 19 дена, а сезонава има 11 гола и 17 асистенции, и тој е најмладиот играч кој во Бундеслигата дал барем 11 гола. Борусија сезонава на сите домашни мечеви дава барем два гола, и тоа ја држи во трката за титулата.

- Оглас -

Најнови вести