34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Борусија нема да може да го задржи: Санчо се поблиску до Премиер лигата

Џејдон Санчо има само 19 години, но веќе го покажа целиот свој талент. Англискиот фудбалер блеска во дресот на Борусија Дортмунд, а тоа е и знак дека во скоро време може да се случи голем трансфер.

Тинејџерот сезонава одигра 24 меча за Милионерите, а има постигнато 12 погодоци, плус 13 асистенции, што значи дека во просек, на секој меч учествува во акција за погодок. Санчо како дете започнал во Ватфорд, а потоа има играно и за младинскиот тим на Манчестер сити.

Во 2017 година прави трансфер во Борусија Дортмунд, каде и добива шанса да се докаже. По прикажаните игри, веќе е јасно дека Санчо набрзо повторно ќе се врати во Англија. Се најавува дека Челзи е подготвен да плати 120 милиони евра за трансфер на еден од најголемите таленти во светот.

Покрај Челзи, за Санчо се интересираат и Манчестер јунајтед и Ливерпул, но тимот од „Стемфорд бриџ“ делува најконкретно, па нема да биде изненадување ако талентот го видиме да се пресели во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести