Борусија Дортмунд со денешната победа над Хофенхајм од 1-0, продолжи со својот победнички ритам, во 2023 година редат само победи во сите натпреварувања.
Џулијан Брант беше стрелец на победничкиот гол попладнево, со што Брант стана првиот фудбалер годинава во Бундеслигата, кој постигнува гол на четири лигашки натпревари по ред.
Новите три бода ја однесоа Борусија на прво место на табелата, со три бода плус во однос на Баерн Минхен и Унион Берлин, а овие два тима утре играат еден против друг. За Хофенхајм, ова беше петти пораз по ред, па сега се во опасната зона на табелата.
Важна победа извојува Херта, која го совлада Аугсбург со 2-0, и сега тимот од Берлин побегна од позициите на табелата кои водат во втора лига.