Со головите на Филкруг, Ројс и Рајерсон, Борусија Дортмунд победи на гостувањето кај Хофенхајм со 3-1, во дуел од Бундеслигата на кој првите три гола паднаа во првото полувреме, а последниот во судиското продолжение од вториот дел.
Со новите три бода, Борусија барем до утре ќе биде на прво место на табелата, додека за Хофенхајм заврши низата од четири победи едноподруго.
Од 71-ва минута, Борусија имаше и човек помалку од терен по исклучувањето на Бенсебаини, но не само што издржаа да не примат гол, туку дадоа и тоа мајсторски (голот може да го погледнете ТУКА), па на крај славеа победа од два гола разлика.