Борусија поради нив минатата сезона не стана шампион, а сега повторно не ги победи во Дортмунд

Борусија Дортмунд на свој терен ремизираше 1:1 против Мајнц во меч од 16 коло на Бундеслигата. Милионерите беа фаворити за трите бода, водеа со 1:0 благодарение на голот на Брандт, но примија погодок пред крајот на првиот дел и до крајот остана нерешено.

По ова реми, Борусија полека може да се збогува и со така малите шанси дека може да се трка за титулата. Ова реми не е толку болно, но потсети на тоа што се случи во Дортмунд на 27 мај оваа година, кога во рамките од последното коло, Милионерите требаа да го победат Мајнц за да бидат шампиони, но на крајот резултатот беше 2:2 и Баерн Минхен се искачи на тронот, а Борусија ја почувствува горчината на ремито поради кое не стана првак.

Немаше победник и во останатите два меча кои денеска се играа во Бундеслигата. Хофенхајм три пати имаше водство против фенерџијата Дармштат, но на крајот резултатот беше 3:3.

Новиот клуб на Елиф Елмас, Лајпциг одигра нерешено 1:1 на гости кај Вердер Бремен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести