Борусија прва обезбеди пласман во осминафиналето од групата на смртта, Мбапе во 97-мата минута го спаси ПСЖ од пенал (Видео)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд триумфираа со 1:3 на гостувањето кај Милан и си обезбедијат пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во пресрет на последното коло во групната фаза, Борусија е прва во групата на смртта со 10 бода, ПСЖ има седум, додека Њукасл и Милан имаат по пет бода. Во последното коло, Борусија ќе го пречека ПСЖ, додека Њукасл на „Сент Џејмс парк“ ќе игра против Милан.

Милионерите на „Сан Сиро“ поведоа со голот од пенал на Ројс во десеттата минута. Милан до крајот на првиот дел успеа да израмни со голот на Чуквуезе, но во вториот дел Борусија постигна два гола и дојде до триумф.

Прво Буно-Гитенс во 59-тата минута погоди за 1:2, а десет минути подоцна Адејени зголеми на 1:3.

Во дуелот на „богатите“, ПСЖ со голот на Килијан Мбапе во судиското продолжение се спаси од пораз и одигра 1:1 против Њукасл.

Водство на Њукасл му донесе Александер Исак во 24-тата минута, а Мбапе од пенал во 97-мата минута погоди за 1:1.

Атлетико Мадрид со победата од 3:1 во Ротердам над Феенорд го завери пласманот во нокаут-фазата, а таму го однесе и Лацио. Јорганџиите се лидери во групата Е со 11 бода, Лацио има 10, а Феенорд 6.

Атлетико поведе со автоголот на Гертруида во 14-тата минута, а Ермосо во 57-мата постигна прекрасен гол за 0:2. Холандскиот тим намали на 1:2, но во финишот Феенорд со нов автогол си ги уништи шансите за позитивен резултат.

Барселона со пресврт го совлада Порто и си обезбеди пласман во осминафиналето. Порто поведе преку Пепе, но Португалците, Жоао Кансело и Жоао Феликс, ѝ донесоа триумф на Барселона.

Европскиот шампион Манчестер сити успеа да направи пресврт и да го совлада Ред Бул Лајпциг со 3:2. Германскиот тим по првото полувреме имаше водство од 0:2 со головите на Опенда, но Граѓаните во вториот дел преку Халанд, Фоден и Алварес направија целосен пресврт и го задржаа максималниот учинок.

Во дуелот за презимување во Европа, Јанг бојс ја совлада Црвена ѕвезда со 2:0 и си обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на Европа. Црвено-белите кои имаа големи амбиции и желба да дочекаат европска пролет, по пет кола освоија само еден бод, тој од ремито со Јанг бојс во Белград.

Резултати:
Лацио – Селтик 2:0
Феенорд – Атлетико Мадрид 1:3
Табела: Атлетико 11, Лацио 10, Феенорд 6, Селтик 1.

Група Ф
Милан – Борусија Д. 1:3
ПСЖ – Њукасл 1:1
Табела: Борусија Д. 10, ПСЖ 7, Њукасл 5, Милан 5.

Група Г
Манчестер сити – РБ Лајпциг 3:2
Јанг бојс – Црвена ѕвезда 2:0
Табела: Манчестер сити 15, РБ Лајпциг 9, Јанг бојс 4, Црвена ѕвезда 1.

Група Х
Шахтар – Антверпен 1:0
Барселона – Порто 2:1
Табела: Барселона 12, Порто 9, Шахтар 9, Антверпен 0.

- Оглас -

Најнови вести