Борусија Дормтунд со убедливи 3-0 го совлада Фрајбург во дуел од Бундеслигата на кој Мален даде два, а Филкруг еден гол.
За Фрајбург ова е трети пораз по ред. Мален има четири гола на пет настапи во 2024 година, а Филкруг има пет гола на пет меча годинава.
Инаку, средбата траеше подолго од вообичаеното, затоа што имаше прекин од десет минути кога фановите на терен фрлија голем број топчиња и парички, во знак на протест против надворешните странски инвестирања во германската фудбалска лига.
https://twitter.com/i/status/1756049903254425934