Борусија со една голема молба до своите навивачи

Најпосетуваното фудбалско првенство во светот, германската Бундеслига веќе в сабота повторно се враќа со возбудувањата. Тоа е прво од Топ 5 лигите што најави рестартирање по двомесечниот прекин поради пандемијата со корона-вирусот.

Веќе во првото коло по враќањето има интересен дерби-меч. Борусија Дортмунд на свој терен ќе игра против Шалке 04. Тоа е дерби на рурската област и секогаш на теренот знае да биде многу неизвесно. Сепак, ова дерби ќе биде поинакво од тие досега.

Според препораките и договорот, сите мечеви ќе се играат без публика, што значи дека фановите на двата тима нема да може да бидат на „Сигнал Идуна парк“. Од УЕФА најавија дека е забрането и собирање на фановите пред стадионите, а доколку тоа се случи, домашниот тим службено ќе го загуби мечот.

Сепак, постои опција фановите да се собираат и заеднички да ги гледаат мечевите, па затоа стигна порака и од челниците на Милионерите, сите навивачи во домашни услови да ги следат натпреварите.

„Сите треба фудбалските средби да ги гледаат во своите домови. Тоа ќе биде многу важно за повторно враќање на фудбалот во нормала“, вели спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

- Оглас -

Најнови вести