Борусија со фуриозен финиш победи и ги мина Лајпциг и Елмас на табелата во борбата за ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со пресврт го победија Ајтрахт Франкфурт и го минаа Лајпциг на табелата во борбата за пласман во Лигата на шампионите. „Милионерите“ уште во 13-тата минута имаа негатива, но и многу време за пресврт, кое знаеја да го искористат и да победат со 3-1.

Пресвртот го најави Адејеми во 33-тата минута кога израмни, а водството го донесе Хумелс во 81-вата минута. Печат на победата стави Емре Џан во 93-тата минута од пенал.

Борусија Дортмунд сега е на четвртото место со 50 бодови, еден повеќе од најголемиот ривал за пласман во Лигата на шампионите, Лајпциг, каде настапува нашиот Елиф Елмас.

- Оглас -

Најнови вести