Борусија со “сет“ голови во мрежата на Волфсбург остана во трка со Баерн (Видео)

Борусија Дортмунд го декласира Волфсбург со 6-0 и ја продолжува трката по титулата во Бундес лигата со Баерн.

Домашните уште од почетокот докажаа дека со право беа фаворити на овој натпревар и го отворија резултатот уште во 14-тата минута преку Адејеми.

На неполни половина час игра веќе беше 2-0 за Борусија, откако Халер стрелаше прецизно во голот на Волфсбург.

До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запиша и Мален.

“Милионерите“ во второто полувреме постигнаа уште два погодоци. Првиот од нив беше дело на новото засилување на Реал Мадрид, Џуд Белингам.

До крајот на мечот Адејеми и Белингам постигнаа уште по еден погодок за конечни 6-0 за Борусија Дортмунд.

Баерн Минхен останува лидер во Бундес лигата со 65 бодови, еден повеќе од второпласираната Борусија на три кола до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести