Борусија знае како против Мајнц, овојпат со голови кои беа постигнати во 90 минути разлика

Борусија Дортмунд и по шести пат по ред победува на гости кај Мајнц, овојпат драматично со 2-1 со гол на Џовани Рејна во 93-тата минута.

По 4 минути од средбата, резултатот беше 1-1, домашните набрзина поведоа, гостите експресно изедначија и кога се чинеше дека толку ќе биде, Американецот Рејна погоди за голема радост на Борусија, која играше без суспендираниот Белингам.

За Борусија ова е седма победа на последните осум гостувања кај Мајнц. Сега тимот од Дортмунд е трети на табелата, има пет бода помалку од лидерот Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести