Еден од оние кои беше важна алка во тимот на Вардар, посебно во средниот ред, беше Немања Босанчиќ. Искусниот 30-годишен Босанчиќ верува дека Вардар и во реваншот во Лозана може да одигра добар меч и да оди во следната фаза.
„Седум дена се подготвувавме за овој меч. Одигравме добар меч, заслужено победивме. Имавме некои грешки и некои ситни детали треба да ги исправиме. Верувам дека може да одиме во следното коло. Ова е само прво полувреме, има уште 90 минути кои ќе се играат во Лозана, но верувам во нашите можности“, рече Босанчиќ веднаш по дуелот.