0.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Босанецот блесна со нов трипл-дабл, Дончиќ и Леброн немоќни во градското дерби

Јусуф Нуркиќ продолжи со блескавите игри во дресот на Јута. Босанскиот репрезентативец одигра одлично во победата против Сан Антонио, меч во кој Јута победи со 126:109, а Нуркиќ прокнижи уште еден трипл-дабл.

Босанскиот ѕвер постигна 17 поени, 14 асистенции и 11 скока и стигна до третиот трипл-дабл во кариерата, а втор во низа.

Лос Анџелес клиперс го доби градското дерби против Лејкерс со 112:104, а еден од подобрите во победничкиот тим беше Хрватот Ивица Зубчиќ. Центарот на Клиперс постигна 18 поени, а имаше и 19 скока. Клиперс уште од стартот поведоа, а на полувреме водеа дури со 17 разлика.

Лука Дончиќ со 32 поени, 11 скока и осум асистенции беше најпрецизен кај Лејкерс, додека Леброн Џејмс постигна 23 поени, но тоа беше премалку за нивниот тим да победи во дербито.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Орландо – Кливленд 97:124, Филаделфија – Хјустон 128:122 по продолжение, Вашингтон – Денвер 97:107, Далас – Голден стејт 123:115, Минесота – Чикаго 115:120, Портланд – Мајами 127:110.

- Оглас -

Најнови вести