Пресметката на Австрија против Босна и Херцеговина вечерва во Виена, ќе одреди која од овие две репрезентации директно ќе се пласира на СП, а која ќе мора да игра баражи и преку заобиколен пат ќе бара место на Мундијалот.
Значењето на мечот е многу големо, победникот оди на СП 2026, а Австрија е во предност и има два бода повеќе, па им одговара и нерешено.
Босанците се во еуфорија, ова им е ден за историја, доказ за тоа е дека над 27.000 билети за вечерашниот меч купиле лица чие презиме завршува на „иќ“ и јасно е дека се Бошњаци. Стадионот „Ернст Хапел“ има капацитет од нешто помалку од 51.000 седишта, па Един Џеко и другарите ќе имаат поголема поддршка од трибините отколку домашната Австрија.

