Босанска легенда дојде на поправен испит по 24 години, пак стана селектор на Змејовите

Фарук Хаџибегиќ е избран за нов селектор на Босна и Херцеговина и големата фудбалска легенда по вторпат ќе биде кормилар на својата земја.

Хаџибегиќ го замени бугарскиот тренер Ивајло Петев, кој е сменет по лошите резултати на популарните Змејови во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

Легендата на босанскиот фудбал има 67 години и добива втора шанса за да се обиде за првпат да ја однесе националната селекција на БиХ на Европско првенство.

Од март годинава почнува квалификацискиот систем за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година.

Хаџибегиќ во 1999 година за првпат беше именуван за селектор на БиХ и во квалификациите за настап на ЕП во 2000 година заврши на третото место зад Чешка и Шкотска, а само Чесите играа на шампионатот од таа група.

Сега 67-годишниот стратег ќе има нова шанса, а ривали на Босанците во Ј групата ќе им бидат Португалија, Исланд, Словачка, Луксембург и Лихтенштајн.

 

- Оглас -

Најнови вести