29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Босанско засилување во нападот на Македонија ЃП

Новиот македонски прволигаш Македонија Ѓорче Петров го претстави своето најново засилување за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига. Станува збор за босанскиот напаѓач Мирсад Рамиќ, кој првпат во кариерата ќе игра надвор од родната Босна и Херцеговина.

Триесет и двегодишниот Рамиќ пристигнува од тимот на Игман Коњиц, а неговото фудбалско педигре вклучува настапи за бројни клубови од БиХ, како што се: Железничар, Слобода Тузла, Тузла Сити, ГОШК Габела, Звијезда Градачац, Травник, Горажде и други. Својата професионална кариера ја започна уште во 2011 година.

Со неговото искуство се очекува да внесе дополнителен квалитет и сигурност во напаѓачката линија на Лавовите, кои сериозно се подготвуваат за своето враќање во македонската елита.

Покрај Рамиќ, клубот досега ги доведе и Ристе Јанков, Дарко Глишиќ, Мартин Талаков и Мухамед Елмас, со што тимот продолжува активно да се засилува пред стартот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести