Босанското финале на Купот ќе биде со малку голови, но затоа ефикасно ќе биде во Италија, Србија, Германија и Бугарија (Фото)

3003 – Каљари – Фиорентина (20:45)

Екипата на Каљари откако го обезбеди опстанокот во Серија А, веќе нема резултатски императив, но Фиорентина се уште игра за да обезбеди пласман во фудбалска Европа. Домашните ќе комбинираат со составот, додека гостите ќе атакуваат на голови, а тоа значи дека вечерва ќе има голови. Каљари на последните девет меча одигра со најмалку два гола, додека Фиорентина играше со по најмалку два гола на последните 10 натпревари. Во меѓусебните натпревари, на последните три имаше по најмалку два погодоци.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.89)

 

3131 – ТСЦ Бачка Топола – Напредак (18:30)

Во првенството на Србија веќе се е решено, а денес само формално ќе се одигра последното коло, во која екипата на ТСЦ е домаќин на Напредак. ТСЦ нема пораз од Напредак цели три години, односно од 2021-вата или на шест натпревари во серија. Три од последните пет меча на ТСЦ завршија 3+, додека кај Напредак таков е случајот на четири од последните пет натпревари.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.90)

 

1801 – Бохум – Фортуна Д. (20:30)

Бохум и Фортуна Дизелдорф вечерва го играат првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Бундеслигата. Овие натпревари по традиција се ефикасни, но и меѓусебните дуели на овие две екипи изобилуваат со голови. Три од последните четири натпревари завршиле со по најмалку три гола, додека само еднаш имало само два погодоци. Последните четири меча на Бохум заврпија 3+, додека Фортуна со најмалку три гола играше на два од последните три натпревари.

Предлог тип: : 1+I&3+ (2.02)

 

3193 – Борац БЛ – Зрињски (18:00)

Борац и Зрињски го играат реваншот од финалето на Купот на Босна и Херцеговина. Првиот меч во Мостар заврши со 1-0 за Зрињски, па вечерва во Бања Лука ќе треба да ја одбранат предноста. Гостите сигурно ќе играат дефанзива, но и генерално дуелите на овие две екипи секогаш се со мал број на погодоци. Три од последните четири натпревари завршија од нула до два гола.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.14)

 

3615 – ЦСКА Софија – Черно Море (19:15)

Екипите на ЦСКА Софија и Черно Море во директен дуел ќе одлучуваат за пласманот во европските купови. Гостите во моментов се второпласирани со два предност пред ЦСКА, а втората позиција носи пласман во Лигата на Европа, додека третата во плеј-оф разигрувањето на бугарското првенство за учесникот во Конференциската лига. Екипата на ЦСКА пред се поради домашниот терен е во мала предност и се очекува дека нема да го загуби овој натпревар.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.77)

- Оглас -

Најнови вести