27.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Босанците ја елиминираа Грузија, Французите имаа полесен тренинг против Исланд

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина се пласираше во втората фаза на Евробаскетот откако во возбудлив и неизвесен меч во Лимасол славеше над Грузија со резултат 84-76. Со оваа победа, Босна го продолжи одличниот настап по големиот триумф над Грција оваа недела.

Избраниците на Адис Беќирагиќ силно тргнаа уште од самиот почеток, погодувајќи две тројки и принудувајќи го селекторот на Грузија, Александар Џикиќ, рано да повика тајм-аут. Првата четвртина заврши со пет поени предност за БиХ, благодарение на далеку подобриот шут за три поени.


На полувремето, Босна имаше +12, а веднаш потоа Робертсон со тројка ја зголеми предноста. Шенгелија остана во сенка, додека кај Грузија единствено Мамукелашвили држеше ритам. Иако грузиската селекција на моменти успеваше да намали, посебно преку Санадзе, разликата секогаш се враќаше на безбедно ниво.

Во последната четвртина, Болдвин со тројка донесе израмнување, но веднаш потоа клупата на Грузија доби техничка. Селекциата на БиХ одговори со серија од 9-0, по која стана јасно дека победникот е решен.

Најдобри кај БиХ беа Нуркиќ и Робертсон со по 15 поени, Лазиќ додаде 13, Атиќ 11, а Врабец 10. Кај Грузија, најрасположен беше Мамукелашвили со 20 поени, потоа Болдвин со 18, Битадзе со 15 и Санадзе со 13.

Во истиот термин Франција лесно го совлада Исланд со убедливи 114-74, а дури осуммина француски кошаркари завршија со двоцифрен ефект.

- Оглас -

Најнови вести